Здружение спортски клуб Клисура – Демир Капија е здружение формирано со слободно здружување на граѓани, кое преку рекреативно спортување и дружење во природа, ширење на позитивни вибрации би придонело до зајакнување на вредностите помеѓу младите, толеранција, почит на различности, еколошка свесност, здрав начин на живеење, креативен активизам и целосна поддршка на еко-туризмот.

Здружението е формирано во 2014 година, од страна на млади активисти и спортисти од локално ниво со цел промовирање на локалните природни богатства и брои 15 активни членови а за време на настаните во наша организација достигнуваме до бројка од 30 волонтери.