Scroll to top

Велосипедска тура св. Трифун 2019

Спортски клуб “Клисура” заедно со општина Демир Капија повторно ве покануваат на дружење на точак низ природните убавини на Демир Капија.
Водич на настанот:
– Старт на турата во 10:00 часот од Плоштад Демир Капија.
– Должината на патеката е 22км.
– Висинска разлика 436 м.н.в.
– Времетраење 2 часа до 2 часа и 30 минути.
– Посета на локалните винарии во Демир Капија.

– За крај на турата, настанот ќе биде збогатен со културно забавна програма со настап на Љубојна и дегустација на вино од локалните винарски визби.
Неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.
Организаторот го задржува правото на промена на текот на настаните или промена на патеката во случај на лоши временски услови.