Scroll to top

Планинарската акција на врвот “Волчјак”

На 03.02.2019(недела) учествувавме на планинарската акција на врвот “Волчјак” на Серта 1159 мнв.(највисок врв на територија на општина Демир Капија).Акцијата беше во организација на Планинарско Друштво Транзверзалец Скопје и е дел од акцијата Планинарски Предизвик 12 врвови, акцијата наречена планинарски предизвик 12 врвови оваа година по трет пат се организира и опфаќа искачување на 12 планински врвови одбрани според своето специфично значење, на различни планини по целата територија на Македонија, во организирани еднодневни планинарски акции-походи еднаш во месецот во текот на целата година.Групата планинари од Скопје го искачија врвот со старт од селото Лубница Конче, а додека ние од наша страна на планината заедно со Free hikers Неготино и планинари од повеке градови тргнавме од селото Калањево,и вкупно пешачевме 8 часа.Од оваа страна планинарската акција имаше и хуманитарен карактер.Планинарскиот Клуб FREE HIKERS Неготино собираше донации за хуманитарниот настан НЕГОТИНО СЕ БУДИ под мотото да покажеме дека едно планинарско срце е големо колку планините што ги носиме во нас.